Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Државата ќе дели ваучери за инвертер клима уреди – еве кои граѓани може да аплицираат

Gladiator 04/04/2026

Фото: Принтскрин

Објавен е јавен повик од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за доделување на ваучери за купување и вградување на инвертер клима уреди, а истиот е наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година.

„Јавниот повик се спроведува согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година и предвидува доделување на ваучери за набавка и вградување на инвертер клима уреди со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, со што директно се придонесува кон намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Право на учество имаат:

1. Домаќинства со лица корисници на надоместок заради попреченост, чиј вкупен месечен нето доход во 2025 година не надминува:

  • 30.000 денари за едночлено домаќинство
  • 45.000 денари за домаќинство со два члена
  • 63.000 денари за домаќинство со три члена
  • 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена

(во пресметката не се вклучува надоместокот заради попреченост)

2. Домаќинства со деца со попреченост (до 26 години), корисници на посебен додаток, со месечен доход во 2025 година до:

  • 45.000 денари за домаќинство со два члена
  • 63.000 денари за домаќинство со три члена
  • 83.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена

(во пресметката не се вклучува посебниот додаток)

Едно лице може да поднесе само едно барање по домаќинство, не се опфатени лица кои користат цивилна или воена инвалиднина, корисници на гарантирана минимална помош и додаток за енергенси

Аплицирањето ќе се врши исклучиво електронски преку платформата 

www.aplikanti.energy.gov.mk

 ,каде што барателите ќе треба да поднесат комплетна документација, вклучително и изјава заверена на нотар, соодветни решенија за остварени права, лична документација и докази за составот на домаќинството. Доколку апликацијата е некомплетна, ќе се овозможи рок за нејзино дополнување, согласно законските процедури.

Изборот на корисници ќе се врши врз основа на уредни и комплетни апликации, сè до исцрпување на предвидените средства, а Министерството по службена должност ќе врши проверка на податоците преку надлежните институции. Листите на корисници и донесените решенија ќе бидат јавно објавени и доставени по електронски пат.

Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Јавниот повик со сите информации и рокови може да го најдете на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со овој повик, Министерството продолжува со конкретна поддршка за најранливите категории граѓани, истовремено вложувајќи во енергетска ефикасност, намалување на трошоците за енергија и подобар квалитет на живот“, се вели во соопштението.

Tags: клима

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Иран објави снимка како го погодил авионот А-10
Next: (ВИДЕО) Силен земјотрес го погоди Авганистан – има загинати и повредени

Најново

  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче
  • (ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада
  • „Вакво сценарио досега не сме виделе“: СЗО со нови детали за вирусот – еве како се пренесува

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

08/05/2026
Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

08/05/2026
(ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

(ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

08/05/2026
(ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада

(ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада

08/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче
  • (ФОТО) Македонија освои злато и две бронзи на Балканската математичка олимпијада
  • „Вакво сценарио досега не сме виделе“: СЗО со нови детали за вирусот – еве како се пренесува

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.