Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

Gladiator 24/03/2026

Фото: Принтскрсин

Владата испрати остра реакција откако еден новинар ја праша министерката за образование Весна Јаневска дали си земала преведувач на свеченото отворање на обновениот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.

„Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор.

Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет.

Во таа насока, изразуваме сериозна загриженост и остра реакција на неодамнешниот настан на јавен медиумски настан, при кој новинарот Невриј Адеми, со очигледно несоодветен тон, непримерна реторика и недолично формулирано прашање се обрати кон Министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Особено не загрижува фактот што ваквиот непримерен однос не претставува изолиран инцидент, туку повторување на веќе забележано однесување кон истата носителка на јавна функција. Ова отвора сериозни прашања за почитувањето на основните професионални стандарди, етички норми и принципи на комуникација во јавниот простор.

Воедно, Владата јасно им укажува на сите носители на јавни функции, дека од нив се очекува највисоко ниво на почит и коректност кон медиумите и новинарите. Но, исто така, со еднаква сериозност очекуваме и новинарите да возвратат со ист степен на професионализам, почит и одговорност. Почитта е, и мора да остане, двонасочна вредност во секое демократско општество.

Оттука, апелираме до Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите и Самостојниот синдикатот на новинари и медиумски работници, како релевантни организации, јавно и недвосмислено да го осудат ваквиот чин на однесување. Очекуваме нивна активна улога во зајакнување на професионалните стандарди, како и упатување на јасен повик до сите медиумски работници за доследно почитување на етичките принципи, достоинството на личноста и културата на јавен дијалог. Ваквите ситуации, кога јавната комуникација се одвива надвор од рамките на пристојноста и меѓусебната почит не смеат да останат без соодветна институционална реакција, имајќи ја предвид нивната поширока импликација врз квалитетот на јавниот дијалог и довербата во институциите.

Како Влада изразуваме и искрена благодарност до сите новинари и медиуми кои со своите јавни реакции веќе јасно, принципиелно и недвосмислено го осудија ваквиот чин, демонстрирајќи високо ниво на професионална зрелост и посветеност кон етичките стандарди. Само преку заемна почит, одговорност и придржување кон високите професионални стандарди може да се гради здрав, демократски и кредибилен медиумски амбиент, кој ќе биде во служба на јавниот интерес“, велат од Владата.

Видеото може да го погледнете тука!

Tags: Весна Јаневска

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
Next: (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.