Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Нови детали: Стојанче ја тепал Ивана пред работното место, па во автомобил, па во близина на суд – на кобниот ден бил пред зградата

Gladiator 07/03/2026

Фото: Принтскрин

Јавното обвинителство објави нови детали од трагедијата која ја потресе Македонија, кога Ивана заедно со својата ќерка падна од балкон на зграда.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па се до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и и нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции. Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место.

На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да и се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото.

Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка и. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, на кого врз основа на обезбедените докази до овој момент му се ставаат на товар неколку дела кои се гонат во скратена постапка. Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оценува дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката“, соопшти обвинителството.

Tags: Стојанче Јовановски

Continue Reading

Previous: Филмска потера со пукање: Уапсен македонски државјанин во Швајцарија
Next: (ВИДЕО) Еве што остана од аеродромот во Техеран: Уништени авиони на сите страни

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026
(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

(ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!
  • Инцидент во здравствена установа во Карпош, пријавени закани кон медицински персонал!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.