Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Важна информација за возачите: МВР воведува нов систем

Gladiator 06/03/2026

Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави важна информација за возачите која ви ја пренесуваме во целост.

„Министерство за внатрешни работи ја информира јавноста за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.

Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на важност.

Наместо тоа, воспоставен е дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail).

Процес на известување и почеток на забраната

Прва порака – известување

Граѓаните ќе ја добијат првата порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт податоци. Оваа порака содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана.

Втора порака – почеток на санкцијата

Осум дена по примањето на првата порака, на граѓаните ќе им биде доставена втора порака. Забраната за управување со моторно возило официјално започнува да тече од моментот на приемот на втората порака.

Министерството во следната фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците.

Досега, согласно новиот начин на извршување, реализирани се над 3000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски пресуди.

Важно известување

Нагласуваме дека забраната не започнува да тече од денот на пополнување на изјавата во Одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората текстуална порака.

Апел до граѓаните

Ги повикуваме сите граѓани за кои има донесено правосилни пресуди со ваков вид санкција, а кон кои е испратена покана од страна на Министерството, да се упатат во надлежните организациони единици за управни работи.

Целта на посетата е доставување и ажурирање на личните контакт податоци (број на мобилен телефон и е-маил адреса), што е неопходен предуслов за правилно и навремено извршување на санкцијата и избегнување дополнителни недоразбирања.

Дополнително, ги известуваме и сите граѓани кои имаат за цел да избегнат извршување на забраната, а за кои Министерството веќе располага со контакт податоци, дека санкцијата ќе биде реализирана, а тие ќе бидат известени преку СМС порака и електронска пошта.

Покрај извршувањето на забраните изречени со правосилни судски пресуди, паралелно и целосно автоматизирано се спроведува и извршувањето на забраните констатирани преку системот Безбеден град. Известувањето се врши на ист начин – преку СМС порака и електронска пошта – за сторени прекршоци за кои според закон е предвидена ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба.

Со воведувањето на овие измени, процесот станува побрз, поефикасен и значително се намалуваат административните процедури за граѓаните“, соопшти МВР.

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Курдите се подготвени за борба против Иран: Имаме само еден услов за Американците
Next: (ВИДЕО) Иран изврши масовен удар: Американска база срамнета со земја

Најново

  • (ВИДЕО) Путин ги активира Су-34: Извршени жестоки напади врз Украина
  • (ВИДЕО) Пекол во две европски земји: Големи шумски пожари, над 360.000 луѓе се евакуирани
  • (ФОТО) „Летај со ангелите“: Ќерката на Гоце Тодоровски објави емотивна порака
  • (ВИДЕО) Потона брод од НАТО земја: Русите го „изрешетале“ со ракети
  • (ВИДЕО) Уапсен маж кој се закануваше дека ќе го заколе Вучиќ

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Путин ги активира Су-34: Извршени жестоки напади врз Украина

(ВИДЕО) Путин ги активира Су-34: Извршени жестоки напади врз Украина

27/07/2026
(ВИДЕО) Пекол во две европски земји: Големи шумски пожари, над 360.000 луѓе се евакуирани

(ВИДЕО) Пекол во две европски земји: Големи шумски пожари, над 360.000 луѓе се евакуирани

27/07/2026
(ФОТО) „Летај со ангелите“: Ќерката на Гоце Тодоровски објави емотивна порака

(ФОТО) „Летај со ангелите“: Ќерката на Гоце Тодоровски објави емотивна порака

27/07/2026
(ВИДЕО) Потона брод од НАТО земја: Русите го „изрешетале“ со ракети

(ВИДЕО) Потона брод од НАТО земја: Русите го „изрешетале“ со ракети

27/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Путин ги активира Су-34: Извршени жестоки напади врз Украина
  • (ВИДЕО) Пекол во две европски земји: Големи шумски пожари, над 360.000 луѓе се евакуирани
  • (ФОТО) „Летај со ангелите“: Ќерката на Гоце Тодоровски објави емотивна порака
  • (ВИДЕО) Потона брод од НАТО земја: Русите го „изрешетале“ со ракети
  • (ВИДЕО) Уапсен маж кој се закануваше дека ќе го заколе Вучиќ

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.