Фото: Принтскрин
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски има вонредна прес-конференција на која зборува за случајот кој ја потресе Македонија, откако вчера починаа мајка и ќерка по пад од балкон.
На 2 март во 12.05 часот била добиена пријава за караница, по што полициски службеници интервенирале во 12.19 часот, но Ивана кажала дека немало физички контакт, туку станувало збор за недоразбирање, открива министерот.
Сопругот на Ивана, Стојанче Јовановски е уапсен, а против него во изминатите две години имало 10 кривични пријави.
