Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) „Чантата чини 944 денари, а не 30.000 евра“, реагира сопругата на градоначалникот Ѓорѓиевски

Gladiator 20/02/2026

Фото: Орце Ѓорѓиевски

По обвинувањата од СДСМ дека сопругата на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски се појавила со чанта „Хермес“ за која велат дека чини од 28.000 до 33.000 долари, денеска реагираше Марина Ѓорѓиевски.

Таа објави статус на социјалните мрежи дека нејзината чанта чини 944 денари и побара извинување.

„Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.

Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.

Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.

Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења.

Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.

Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации“, објави таа.

Tags: Орце Ѓорѓиевски

Continue Reading

Previous: Отворена е истрага: Дали кумановецот кој лиши од живот жена е сериски убиец!?
Next: (ФОТО) Пронајдено оружје: 20-годишник сакал да направи масакр во Македонија со калашников

Најново

  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода
  • Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција
  • Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда
  • (ВИДЕО) Драматични снимки: Украина изврши голем удар врз Русија – загинаа 12 офицери

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

24/04/2026
(ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

(ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

24/04/2026
Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција

Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција

24/04/2026
Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда

Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда

24/04/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода
  • Нови детали за незгодата во Скопје: Тројца работници биле затрупани, во тек е спасувачка акција
  • Инцидент во Скопје: Работници затрупани при ископ за нова зграда
  • (ВИДЕО) Драматични снимки: Украина изврши голем удар врз Русија – загинаа 12 офицери

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.