Фото: Анима Мунди
„Анима Мунди“ сподели загрижувачки податоци на нивната објава на социјалните мрежи и побара напуштањето на миленик да стане кривично дело.
„5 од 6 заловени кучиња имаат сопственик – бараме напуштањето да стане кривично дело. При едно неодамнешно заловување, во текот на само еден ден, по женка во циклус, од шест заловени кучиња од страна на ЈП Лајка, дури пет биле со сопственик. Сопствениците дошле да ги подигнат од стационарот. Овој податок е алармантен и укажува на клучен аспект од каде извира проблемот“, велат од „Анима Мунди“.
