Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Возач открива низ какво патешествие поминал за да му поништат неправедно изречена казна од „Безбеден град“

Gladiator 17/02/2026

Фото: Игор Јуруков

Еден корисник на социјалните мрежи го објави своето патешествие низ институциите за да му се поништи неправедно изречена казна од „Безбеден град“.

„Безбеден град патешествие…“

Ден 1. Се движам во група од неколку возила по „Илинденска“ и сите во група намалуваме брзина поради црвено светло. Во тој момент, моторче шиба меѓу возила, и ете ти пристигнува SMS за пречекорување на брзина и казна од 15 евра(7,5). Радарот фактички ја бележи неговата брзина, додека OCR софтверот од камерата бара регистрација во радиусот на објектот што брза, и за беља тоа сум ти бил јас!!! (моторчињата нели немаат напред регистарски таблички…) С .. судбина.. нејсе, си викам ќе се жалам ништо страшно…

Ден 2. Одам на шалтер сејф-сити во МВР позади зградата на МТВ, ми кажува дечкото дека тука не е за жалби шалтер, треба да се обратам во Полициска Станица (П.С.).

Одам во П.С. со истиот муабет и копии од записникот и фотките што доаѓаат со него.. добивам инфо: за жалбите од СејфСити треба да одите во суд за прекршоци карши факултетите.

Одам во Суд, во една канцеларија преполна со плакари со некаква архива, љубезна службеничка ми објаснува што и како да пополнам во два примероци и да доставам кај нив на шалтер, арно ама проблем.. колата е службена(моја фирма) треба да дадам изјава во МВР дека јас сум возел…

Одам повторно во П.С. и барам да пополнам изјава, арно ама ми бараат патен налог или полномошно со печат и потпис..

Ден 3. Одам во П.С. со уредно спремни документи, службеното лице што ме прими да пополнам изјава пријателски ме советува да си ја платам казната додека е време за 50 % попуст, бидејќи како што тој заклучи, нема шанси сејф сити да згреши… изречно се противам ….и виде не виде, извади формулар за да го пополниме. Значи, сега треба да очекувам да стигне нов записник за „сторениот прекршок“ по SMS и е-меил, ама сега на мое име. ОК ќе чекам..

Ден 4. Чекам јас така 24 часа, нема нов SMS, нема меил.. одам во П.С. !! барам на портирница да се качам до шалтерот, не ми е допуштено, телефонски се комуницира од портирница до некој фактор „горе“ и повратно добивам дека треба деновиве треба да добијам по SMS, а не како што вчера сум разбрал – веднаш или најкасно утре…

Ден 5. Во меѓувреме одминува осмиот ден, ќе следи наплата од 15 евра или присилна наплата!!! Се упатувам повторно до П.С. инсистирам на портирница да се качам горе, ОК ме пушти дечкото.. таму се најде љубезен човек, едно 15 минути веројатно го бараше случајот, и ме извести дека е ставен на ред за процесирање.. верувам бидејќи бев упорен 😊. И навистина, после два саати стигна нов записник на мое име, со нов датум од тој ден.

Ден 6. Одам со сите потребни документи во два примероци во прекршочен суд, на шалтер ми бараат ТРИ копии, мое образложение дека кажано ми е за ДВА, моето се разбира не помина 😊

Уште едно одење до судот, сега со три копии во рака, конечно на едната копија се удира печат и останува кај мене а другите две копии ги преземаат. Прашувам: Дали сега ќе биде стопирана штоперицата од 8 те дена?? „ништо не знам .. ништо не знам“ беше одговорот ..

Значи многу сум среќен што правдата ја доби првата разрешница!! Шест дена шетање по институции а некогаш и по неколку во истиот ден!!!!!

Се надевам судот ќе ангажира стручно лице од областа сообраќај, за него случајот ќе биде „гола вода“ ама за сејф сити сериозен проблем!!! За системското решение за вакви жалби ништо ново.. уште сме во минатиот век.. хартии, копии, шетање по шалтери..

Останете ми безбедни“, објави тој.

Tags: Безбеден град Игор Јуруков

Continue Reading

Previous: Четиригодишно дете прегазено во Скопје
Next: (ФОТО) „Напуштање миленик да стане кривично дело“, бараат од „Анима Мунди“

Најново

  • (ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!
  • (ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!
  • (ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!
  • (ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!
  • (ВИДЕО) Најтешката семејна трагедија: Татко ја уби двегодишната ќерка, а потоа направи незамислив чекор!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!

(ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!

26/07/2026
(ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!

(ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!

26/07/2026
(ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!

(ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!

26/07/2026
(ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!

(ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!

26/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!
  • (ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!
  • (ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!
  • (ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!
  • (ВИДЕО) Најтешката семејна трагедија: Татко ја уби двегодишната ќерка, а потоа направи незамислив чекор!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.