Фото: Принтскрин
Млада девојка собра храброст и реши да ја раскаже својата потресна приказна за пеколот кој го преживеала во Белград.
„Три години му го давав срцето, а тој се обиде да ми го унакази лицето. Денес, кога ги гледам своите рани, не ме боли убодот од нож, колку тоа дека покрај себе имав ѕвер кој чекаше момент да ме убие“, раскажува 23-годишната Р. С.
„Верував дека го познавам, но во четири часот наутро ми заѕвони телефонот. Ми се јави другар, тој обичен повик во него разбуди нешто нечовечко. Почна да вика, да ме нарекува со погрдни имиња и наеднаш извади нож. Почувствував остра болка на лицето, почна да тече крв. Секој удар со ножот беше следен со навреда. Се борев за живот, буквално со раце и нозе, додека адреналинот ме држеше да не паднам во несвест од болка“, објави таа.
Таа успеала во еден момент да го искористи неговото невнимание и да истрча на улица, по што се качила во такси и директно ја пренел во болница, по што случајот бил пријавен во болница.
Фотографиите може да се погледнат ТУКА.
