Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Го оштетиле буџетот на Македонија за 4,8 милиони евра: 20 лица под истрага за даночни измами

Gladiator 16/01/2026

Фото: Принтскрин

Обвинителството соопшти дека 20 лица се осомничени за даночни измами и го оштетиле буџетот на државата за неверојатни 4,8 милиони евра.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.
Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање, по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа. Врз основа на ова ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра.

Првоосомничениот, српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење на кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службена положба. Во периодот 2023–2025 година, во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

Со прикажување неточни податоци во даночните пријави и со помош од даночни службеници од УЈП, во периодот 2023–2024 година првоосомничениот избегнал плаќање данок во износ од 11.593.403 денари. Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица со лажни пријави побарале, а осомничените вработени им одобриле неосновано враќање данок за нерезидентни правни лица со што е нанесена штета на буџетот во износ од 31.175.168 денари. Дополнително, дел од осомничените во истиот период вршеле трансфер и подигање парични средства со цел прикривање на потеклото на парите прибавени со кривични дела, во вкупен износ од 91.985.197 денари.

Досегашните прибрани докази упатуваат дека осомничените вработени во УЈП – Регионална дирекција Скопје, од кои дел на високи раководни позиции, со повеќекратни злоупотреби на службената положба, нанеле вкупна штета на Буџетот на РСМ од најмалку 162.980.076 денари.

Јавниот обвинител ценејќи ги околностите утврди дека се исполнети условите за определување на мерката притвор за десет осомничени и на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осум лица да им определи мерка притвор, додека за две лица истата е веќе определена во предметот поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој на РСМ. За останатите 10 лица јавниот обвинител предложи мерки за обезбедување присуство меѓу кои и забрана за вршење на работни активности поврзани со кривичното дело и работни активности како службени лица во УЈП на РСМ“, објави Обвинителството.

Tags: даноци евра ујп

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Карамбол на автопатот „Милош Велики“: Девет автомобили се удриле во камион – сцените се страшни
Next: Ахмети не поставил услови: Мицкоски откри од кога ќе почне „Сејф Сити“

Најново

  • (ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски
  • (ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје
  • (ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!
  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски

(ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски

24/04/2026
(ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје

(ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје

24/04/2026
(ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!

(ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!

24/04/2026
(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

(ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода

24/04/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски
  • (ВИДЕО) Автомобил удри пешак во Скопје
  • (ВИДЕО) Нетанјаху: Имав рак, но се излекував!
  • (ВИДЕО) Еден работник загина, а неколку се повредени во незгодата во Кисела Вода
  • (ВИДЕО) Први снимки од местото на незгодата во Кисела Вода

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.