Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Возел во спротивна насока, пребрзо и без возачка дозвола: Детали од сообраќајката во Капиштец

Gladiator 10/01/2026

Фото: МВР

Обвинителството соопшти дека е отворена истрага за тешка сообраќајна незгода со смртни последици, при што соопшти детали за возачот кој усмрти жена, па избега со неговиот татко.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело.

Осомничениот 18-годишник на 9 јануари,  како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај така што го довел во опасност животот на луѓето.

По улицата “Народен Фронт” управувал автомобил “Фолскваген пасат’’ и со возилото извршил дејствие на непрописно поместување во лево, на коловозната лента наменета за сообраќај од спротивната лента, без притоа да се увери дека тоа може да го стори без опасност по другите учесници во сообраќајот, со брзина на движење на возилото неприспособена спрема својства, состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Освен тоа, автомобилот го управувал без да поседува важечка возачка дозвола.

При такви услови со возилото удрил во телото на оштетената Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала.

Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на осомничениот за предизвикување на сообраќајната несреќа да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце.

Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази и определениот притвор, по него ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување“, соопштија од Обвинителството.

Tags: мвр полиција

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Тажна вест од ЦУК: Tи благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат
Next: МРТ сподели тажна вест: Зад себе остави сопруга и три деца – почина 48-годишниот Александар

Најново

  • Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки
  • (ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!
  • Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!
  • (ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки

Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки

11/06/2026
(ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!

(ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!

11/06/2026
Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!

Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!

11/06/2026
(ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!

(ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!

11/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки
  • (ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!
  • Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!
  • (ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.