Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Длабока тага и неверување: Почина 25-годишниот Марко Јовановски

Gladiator 04/01/2026

Фото: Ансамбл Никола Јонков Вапцаров

Ансамбл Никола Јонков Вапцаров објави дека починал нивниот долгогодишен член Марко Јовановски на само 25-годишна возраст.

„Со длабока тага и неверување ја споделуваме веста дека прерано нè напушти нашиот долгогодишен член, близок пријател на „Вапцаров“ и на сите нас, Марко Јовановски.😔

Тој беше дел од „Вапцаров“ уште од својата најрана возраст – од само пет години, кога со детска љубопитност и чиста радост го направи првиот чекор во фолклорот и стана дел од семејството на Вапцаров.Растеше заедно со ансамблот, со сите членови од претходниот прв ансамбл и несебично придонесуваше сѐ за ансамблот.Настани, концерти,турнеи и безброј моменти низ кои помина нашиот ансамбл. Со посветеност и со бескрајна љубов кон традицијата. Подоцна се приклучи и на сегашниот прв ансамбл, каде што со своето претходно искуство несебично го пренесуваше знаењето на новата генерација прв ансамбл. Со збор, со пример и со насмевка им ги пренесуваше сите поминати моменти, сите лекции што животот и сцената го научиле.

Пред сè, тој беше човек.Човек кој секогаш ги ставаше другите пред себе, кој знаеше да подаде рака кога најмногу треба, да сослуша, да охрабри и да биде потпора. Беше активен член, посветен и присутен до самиот последен момент, без да штеди сила, време или енергија.

Она што засекогаш ќе остане врежано во нашите срца е неговата способност, во секој момент, да го насмее секој човек. Да ја врати атмосферата, да внесе светлина и топлина дури и во најтешките мигови. Тоа беше негов дар – нешто што не се учи и не се заменува. Неговиот дух, неговата смеа и неговата човечност ќе останат празнина што никој никогаш нема да може да ја пополни.

Ние сме во шок и длабоко неверување што нè напушти на само 25 години – премногу рано за еден живот полн со соништа, планови и љубов. Ќе живее во нашите сеќавања, во секоја игра, во секоја проба, во секој чекор што ќе го направиме на сцената, во секој момент на смеа.

Утре изутрина од 09:00-10:00 во нашите простории ќе се одржи Комеморација книга на жалост каде ќе бидат присутни сите наши членови, да го испратиме заедно. Потоа сите заедно ќе се упатиме кон гробиштата во Горно Лисиче каде ќе се одржи погребот од 13:00.

Почивај во мир, пријателе. „Вапцаров“ и сите ние никогаш нема да те заборавиме“, објавија од ансамблот.

Tags: ансамбл Марко Јовановски

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Вистинско чудо во Швајцарија: Момче се молело со крст во раце, огнот го заобиколил
Next: Мицкоски за Усје: Кај никого не може да влеземе дома и да му кажеме да си ја пресели куќата

Најново

  • Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки
  • (ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!
  • Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!
  • (ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки

Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки

11/06/2026
(ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!

(ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!

11/06/2026
Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!

Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!

11/06/2026
(ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!

(ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!

11/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Позната македонска професорка: На 10 јуни да не сте ни во кожа, повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки
  • (ВИДЕО ВО ЖИВО) ИТНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОПШТИНАТА: – Јорданов и Ангелов со важни информации за јавноста!
  • Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!
  • (ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.