Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски соопшти убава вест за пензионерите, односно дека во март ќе има линеарно зголемување на пензиите.
Мицкоски кажа дека продолжува зголемувањето на пензиите со цел да се подобри животниот стандард на највозрасните граѓани во земјава.
„Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување. Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група“, кажа Мицкоски.
