Мал спортски авион од типот „Пајпер“ денеска заврши во водите на Мавровското Езеро, откако пилотот бил приморан да изведе принудно слетување. Настанот се случил околу пладне, во зоната кај браната „Белички канал“.
Во леталото патувале двајца државјани на Косово – 64-годишниот пилот Д.М. и 41-годишниот патник Џ.П.. Според досега прибраните информации, пилотот на пат кон Гостивар забележал дефект на моторот и веднаш одлучил да го спушти авионот во езерото за да избегне поголема трагедија.
Инцидентот бил пријавен во 12:35 часот, а полициските служби од Маврово веднаш излегле на терен. Двајцата успеале да го напуштат авионот и сами да стигнат до брегот, по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар со полесни телесни повреди.
Надлежните институции започнаа истрага за да ги утврдат причините за дефектот и околностите под кои дошло до падот.
Веста и фотографијата ја споделуваат press24.mk

Фото: PRESS24.MK
