Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Успешна операција на исклучително ретка срцева аномалија кај недоносено бебе тешко само 2 килограми во Скопје

Gladiator 03/12/2025

Во Клиниката „Жан Митрев“ беше направена сложена хируршка корекција на ретка вродена срцева мана кај недоносено женско бебе родено во 36. гестациска недела. Новороденчето, прво од близначка бременост, дојде на свет во Приштина со тежина од едвај 2 килограми. Кај него беше откриена комплексна кардиопатија која ги опфаќа тотално аномално пулмонално венско дренирање (TAPVR) и атријален септален дефект (ASD).

Овие две состојби заедно се среќаваат многу ретко — TAPVR го има кај само 0,6 до 1,2 од 10.000 новороденчиња, а меѓу сите вродени срцеви маани овој тип учествува со 0,7 до 1,5%.

Родителите, свесни за критичноста на состојбата, ја донеле малата Озе Абази во Скопје на само две недели старост. По детална дијагностика и консултации со кардиохируршкиот тим, била донесена одлука итно да се изврши операција.

Интервенцијата, предводена од д-р Жан Митрев, вклучувала целосно пренасочување на пулмоналните вени кон левата преткомора, со што е воспоставен нормален проток на крв.

По операцијата, неонатолозите од Центарот за мајка и бебе ја презеле грижата со посебно внимание на хемодинамиката и стабилизацијата на кардиоваскуларниот систем. Постоперативниот период бил исклучително чувствителен поради нежната возраст и мала тежина на новороденчето, но со координиран тимски пристап и континуиран мониторинг, бебето успешно се опоравило.

Без хируршки третман, прогнозата кај ваков тип аномалија е многу лоша — повеќе од 80% од новороденчињата не ја доживуваат првата година. Благодарение на современите хируршки техники, шансите за преживување денес достигнуваат околу 85%.

По целосно успешната интервенција и стабилизација, малата Озе е подготвена да се врати дома, со добри прогнози за нормален раст и развој.

Видеото погледнете го тука

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Со дигитални уреди ќе се следи бучавата во најфреквентните делови на Скопје!
Next: (Фото) „Сејф Сити“ испраќа предупредувања и кај возила што не мрднале од паркинг

Најново

  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

09/05/2026
(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

09/05/2026
(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

08/05/2026
Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

08/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.