Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Адвокат предупреди дека МВР испраќа предупредувања со туѓи податоци

Gladiator 02/12/2025

Фото: Принтскрин

Тест-периодот на „Безбеден град“ беше активиран вчера, при што за 12 часа беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци.

Граѓаните примаа пораки со нивните прекршоци, но имало и такви кои му се пожалиле на адвокатот Арбен Мемети дека добиле опомени со туѓи податоци.

„Денес неколку лица ме исконтактираа да побараат правен совет во врска со пораките (опомени) кои ги добиле од МВР, а кои воопшто не се однесуваат на нив. Во пораките биле наведени туѓи лични податоци – име, презиме, ЕМБГ, број на лична карта – што претставува сериозен пропуст на надлежниот орган.

Со ваквата неажурност и неточност на податоците, МВР директно ги прекрши одредбите од Законот за заштита на личните податоци. Доставувањето пораки со туѓи чувствителни податоци не е само грешка, туку системски ризик кој го нарушува правото на приватност и безбедност на граѓаните.

Дополнително, ваквите пропусти отвораат сериозна дилема – како во иднина ќе бидат сигурно и точно доставувани казните до вистинските сторители на прекршоците?

Ако системот денес испраќа известувања со туѓи податоци, како може јавноста да има доверба дека налозите за прекршоци ќе стигнат до точниот адресат, а не до сосема друго лице?

Ова предизвикува оправдан страв дека ќе се појават погрешни казни, правни недоразбирања и неоправдана одговорност за лица кои немаат никаква поврзаност со сторениот прекршок.

Особено е значајно и тоа што МВР мора да воспостави јасни механизми за обезбедување и ажурирање на контакт-податоците (телефонски број и е-маил адреса) на возачите и сопствениците на возилата. Во пракса, при регистрација на возило службениците ретко бараат вакви информации, што доведува до несоодветна комуникација, неможност за уредно доставување известувања и создавање дополнителни забуни и правни последици.

Потребна е:

– итна проверка на системот,

– утврдување на причините за пропустите,

– корекција на неажурните податоци и

– воспоставување на безбедни процедури за собирање и обработка на личните податоци.

Граѓаните имаат право на точни, доверливи и безбедни информации, а институциите имаат обврска тоа да го гарантираат“, објави адвокатот.

Tags: камера

Continue Reading

Previous: „Размислуваме за поагресивен пристап и превентивен удар врз Русија“, вели адмирал на НАТО
Next: 13 телефони и лаптоп пронајдени во ќелија кај обвинет за „Пулс“

Најново

  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот

09/05/2026
(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

(ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син

09/05/2026
(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

(ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка

08/05/2026
Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина

08/05/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Земјотрес во соседството: Се тресеше креветот
  • (ВИДЕО) Македонец ја избоде сопругата Милена во Италија, па тргнал кон гробот на нивниот син
  • (ФОТО) Да ѝ помогнеме на малата Нина: Ова е последна шанса за лекување во Америка
  • Трамп прогласи примирје меѓу Русија и Украина
  • (ВИДЕО) Зоран е херој на денот – се симна во река за да спаси куче

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.