Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Нема ни трага од Ремзи Мифтари: Осудениот на 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци

Gladiator 22/11/2025

Осудениот на десетгодишна затворска казна Ремзи Мифтари, одговорен за тешката автобуска трагедија кај Ласкарци во која животот го загубија 16 лица, сè уште не е лоциран од надлежните служби. Иако требаше да се јави во затворот „Идризово“ уште во мај, тој не се појавил, а полицијата не успева да го пронајде на ниту една адреса.

Од КПУ „Идризово“ информирале дека уште на 7 ноември го известиле судијата за санкции во Основниот суд Гостивар дека Мифтари не се пријавил во утврдениот рок според упатниот налог. По таа пријава е издадена наредба за негово присилно спроведување, но досега нема резултати.

Тетовската полиција потврдува дека Мифтари не бил најден во својот дом, но и дека граничните премини не евидентирале негово излегување од државата, што упатува дека најверојатно се крие во внатрешноста на земјата. Претреси и проверки се вршат на повеќе локации.

Судијата за санкции изјави дека по издавањето на наредбата сè уште не добил информации од МВР или од „Идризово“ дека осудениот е пронајден и спроведен.

Истовремено, и газдата на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, кој исто така беше осуден и доби зголемена казна од Апелација, сеуште е на одложување поради медицински причини. И двајцата, Белули и Мифтари, пред неколку месеци подлегнаа на операција од кила на тестиси, по што им беше одобрен привремен одлог на издржување на казната. Белули доби ново продолжување до 1 декември 2025, додека рокот на Мифтари одамна истече.

Иако пресудите станаа правосилни на 9 мај годинава, нивното спроведување оди многу бавно. Апелациониот суд тогаш му ја зголеми казната на Белули од четири на десет години, а на Мифтари од шест на десет години.

Несреќата се случи во 2019 година, кога автобусот со патници излетал на автопатот кај Ласкарци. На лице место загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Tags: ласкарци Македонија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) „Ја сакам Македонија“: Аца Лукас со порака откако беше уапсен од полицијата
Next: (ВИДЕО) Балканот е во ВОДЕН ХАОС: Шокантни сцени од поплавите што уништуваат сè!

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026
(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.