Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Казни од 50 евра за фрлање ѓубре по 22:00 во Скопје: Инспекторите ќе патролираат ноќе

Gladiator 17/11/2025

Фото: Принтскрин

Од вечерва, скопјани мора да го следат времето пред да го фрлат ѓубрето. Од 22:00 до 06:00 часот наутро е забрането оставање отпад во јавните контејнери, одлучи Советот на Град Скопје како мерка за намалување на хаосот со отпад во градот. Оваа забрана не важи за приватните канти пред домовите.

„Одлуката стапи на сила со потпис на градоначалникот Ѓоргиевски и предвидува забрана за оставање отпад во или околу контејнерите на јавните површини“, појаснуваат од Градот.

Скопје има 40 инспектори, од кои 11 се комунални, а 10 се редари. Прекршоците ќе се констатираат директно на терен. Во случај на поголеми количини или специфичен отпад што не е комунален, ќе се вршат контроли и врз фирмите.

Инспекторите ќе вршат патроли и по полноќ, со цел да се санкционираат прекршителите. Граѓаните кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат казнети со 50 евра, а за правните лица казните се движат од 1.300 до 1.800 евра, зависно од видот на отпадот.

Скопјани велат дека мерката е добредојдена, но нагласуваат дека најважна е личната свест за зачувување на животната средина.

„Мерката е добра за сите, но важно е и самиот човек да има свест. Законот е добар, но ако не се почитува, ништо нема да се смени“, вели еден граѓанин.

„Јас лично не фрлам отпад по темнување, но прашање е колку ова ќе се спроведува. Кај нас чудата траат кратко, па ќе видиме како ќе биде по неколку дена“, додава друг граѓанин.

„Инспекторите не можат секаде да стигнат, па најважна е свеста на граѓаните. Кога ќе имаат ѓубре, треба да го фрлат на вистинското место и контејнерите да се празнат редовно“, додаваат од јавноста.

Од Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“ најавуваат дека во почетокот казни нема да се изрекуваат, туку нивните ЕКО патроли ќе даваат само опомени. Ова е прв предизвик за новиот вршител на должност директор, Драги Митковски, веднаш по големата тридневна акција за чистење на градот од депонии со отпад.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: Шокантно: Пронајдени две отсечени женски раце на автопат
Next: Филипче: Реформи нема, извештајот на ЕК е меѓу најлошите за Македонија

Најново

  • Македонија добива 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема
  • (ВИДЕО) Огромни пожари во САД: Огнот „проголта“ над 120 куќи
  • (ФОТО) „Фала што правите да живее мама“: Да помогнеме и да ја спасиме Ивана
  • (ВИДЕО) Американската војска погоди брод – две лица загинаа
  • (ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Македонија добива 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема

Македонија добива 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема

25/04/2026
(ВИДЕО) Огромни пожари во САД: Огнот „проголта“ над 120 куќи

(ВИДЕО) Огромни пожари во САД: Огнот „проголта“ над 120 куќи

25/04/2026
(ФОТО) „Фала што правите да живее мама“: Да помогнеме и да ја спасиме Ивана

(ФОТО) „Фала што правите да живее мама“: Да помогнеме и да ја спасиме Ивана

25/04/2026
(ВИДЕО) Американската војска погоди брод – две лица загинаа

(ВИДЕО) Американската војска погоди брод – две лица загинаа

25/04/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Македонија добива 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема
  • (ВИДЕО) Огромни пожари во САД: Огнот „проголта“ над 120 куќи
  • (ФОТО) „Фала што правите да живее мама“: Да помогнеме и да ја спасиме Ивана
  • (ВИДЕО) Американската војска погоди брод – две лица загинаа
  • (ВИДЕО) „Со 10 крави не може да справи, а утре треба да контролира рудник“: Филипче со критики до Митовски

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.