„Вечно ќе останеш во моето срце… недостижен си на овој свет.“
Повеќе од три месеци поминаа откако младиот бизнисмен Душко Чифлиганец трагично загина, оставувајќи длабока празнина кај своите најблиски. Болката која ја чувствуваат семејството и пријателите е тешко опишлива со зборови.
Драгана, сестрата на Душко, неодамна на социјалните мрежи сподели видео на кое нејзиниот брат вози автомобил, пеејќи ја песната „Има ли надеж за нас“. За многумина, ова видео носи носталгија и тага, потсетувајќи на сите убави моменти кои сега се само сеќавања.
Под видеото се нижат коментари со поддршка и утеха за семејството, додека Драгана порано ги растажи сите со фотографија на која покрај Душко се и неговите пријатели Владимир Блажев Панчо, Андреј Ѓорѓиески и починатиот бодибилдер Мирко Петровски.
„Се собраа сите другари… само јас останав да се сеќавам. 💔 Тоше те чека… Вечно ќе те паметам, фалиш на овој свет… не требаше вака“, напиша таа под фотографијата.

Душко беше познат како млад и успешен бизнисмен, со голема страст кон мотори и автомобили, а подолго време живееше во Дубаи, каде заврши и дел од своето образование. Освен тоа, активно учествуваше во хуманитарни акции и беше пример за посветеност и труд во работата.
Неговата позната изјава „Пред сé, треба да бидеме луѓе“ останува како неизбришлива порака за сите кои го познаваа. Постхумно, му беше доделено признанието „Бизнис лидер 2025“, а едноминутен аплауз во тивка атмосфера го одбележа неговото сеќавање.
Признанието од името на семејството и Адора Бизнис Групацијата го прими д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршна претседателка на групацијата, истакнувајќи дека Душко секогаш ја надминуваше комфорната зона и со неуморна желба создаваше нешто значајно, доказ за што се неговите седум компании во четири држави.
Видеото кое го сподели сестрата на Душко на нејзиниот Facebook профил:
