Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлуенсерка во пауза од градоначалничка работа

Gladiator 22/10/2025

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое ја коментира состојбата на градоначалничката Данела Арсовска и моменталната ситуација во Град Скопје.

„Додека Данела Арсовска сака да биде инфлуенсерка и троши време на театар, градските претпријатија штрајкуваат, а вработените со месеци немаат примено плата. Градот Скопје се наоѓа на работ на колапс“, стои во реакцијата на партијата.

Во продолжение, од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека со разбирање пристапуваат кон личната состојба на градоначалничката:
„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска. Ѝ посакуваме добро здравје и брзо опоравување. Од разговорите со експерти кои ги консултиравме, јасно ни беше укажано дека нејзиното однесување е надвор од нејзината волја и посилно од неа.“

Партијата апелира јавноста да не ја осудува за емотивните изблици, но и потенцира дека тие не се соодветни за личност што ја извршува највисоката градска функција.
„Се надеваме дека ќе се избори со предизвиците што ја оптоваруваат, иако ова однесување не доликува на дама, а зборовите и пцовките не се нормални. Граѓаните ги повикуваме да не ја осудуваат за ова“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, неработењето и грешките во водењето на градот се едно прашање, а ваквите емотивни реакции се сосема друго:
„Очигледно функцијата ѝ беше преголем товар, не се снајде, направи серија пропусти и соработуваше со луѓе од сомнителен карактер, поврзани со ДУИ. За жал, таквата соработка создаде конфликти и тензии кои се одразија врз функционирањето на градот.“

Од ВМРО-ДПМНЕ признаваат дека направиле грешка во проценката кога ѝ ја дале поддршката, но велат дека извлекле важна поука:
„Нашата намера беше добра, водени од интересот на скопјани. Сепак, направивме погрешна проценка. Во иднина тоа нема да се повтори. Скопје заслужува стабилност, работа и проекти кои ќе бидат гордост за сите граѓани.“

На крајот, партијата најавува дека по завршувањето на нејзиниот мандат ќе се спроведе темелна ревизија на целото работење на градот.
„Ревизијата ќе ја покаже вистинската слика и причините за многу одлуки, настани и однесувања. На Арсовска, како личност, ѝ посакуваме брзо закрепнување и излез од оваа емотивна и тешка ситуација во која се наоѓа“, стои во завршниот дел од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: вмро-дпмне данела арсовска

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Данела му порача на премиерот: ‘Снимките од Владата излегуваат побрзо од вестите!
Next: (ФОТО) Синот на Венко Филипче започнува сопствен бизнис

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.