Во вторник се слави еден од најважните празници за православните жени – Покров на Пресвета Богородица.
Овој ден се празнува на 14 октомври, а според православната традиција, потекнува од настан што се случил во 911 година во Цариград. Пресвета Богородица се почитува како заштитничка на христијаните, која преку своите молитви го застапува народот пред Бога и му дарува утеха и заштита во тешки времиња. Нејзиното покровителство се покажувало низ историјата, како во мирни, така и во бурни времиња, во манастирите и во градовите.
Според црковната преданија, на 14 октомври 911 година, за време на царот Лав Мудриот, се случило чудесно видение во црквата Влахерна во Цариград. Свети Андреј Јуродив, заедно со својот ученик Епифаниј, биле сведоци на појавата на Пресвета Богородица која се појавила со распрострен омофор, како да го покрива целиот народ. Таа блескала во златен сјај и била опкружена со светители, маченици и апостоли.
Видението оставило длабок впечаток кај присутните и го поттикнало воспоставувањето на празникот, кој нè потсетува на постојаната грижа и заштита што Пресвета Богородица ја нуди на христијаните. Овој ден е познат и како Ден на жената и Покров на Богородица.
Многу жени на Покров постат и се причестуваат, молејќи се за здраво раѓање и благосостојба на децата. Жените кои се надеваат на потомство особено се обратуваат со молитва кон Пресвета Богородица, верувајќи во нејзината помош и покровителство.
