Фото: Принтскрин
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој веќе неколку години живее во Унгарија како азилант, од својата компанија „I.C.I.C. Kft.“ си исплатил дивиденда од 5.000 евра, пишува „Фокус“.
Фирмата е основана во јули 2021 година во Будимпешта и се најде на таканаречената „црна листа“ на САД. Според финансискиот извештај за 2024 година, компанијата остварила приходи од околу 10.500 евра, а по покривање на трошоците и даноците, нето добивката изнесувала 6.860 евра, од кои Груевски си исплатил повеќе од 5.000 евра како дивиденда.
„I.C.I.C. Kft.“ е регистрирана за различни активности – од бизнис-консалтинг и односи со јавност до трговија на големо со храна, пијалаци, тутун, порцелан и средства за чистење. Во 2022 година, фирмата ги проширила своите дејности со уште десет нови области.
Американските власти веќе подолго време најавуваат проширување на „црната листа“ за Западен Балкан, на која се очекува да се најдат и лица поврзани со поранешни македонски владини функционери.
