Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

ВИДЕО | Прилепските ученици приредија спектакуларно формирање на македонското знаме

Gladiator 10/10/2025

Во Прилеп, околу 1.200 ученици од основните и средните училишта се собраа за голем спектакл со македонското знаме, како дел од одбележувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. Настанот, кој се организира секоја година од 2010 година, го означува почетокот на традиционалните чествувања по повод 84-годишнината од востанието, кои вклучуваат културни програми, свечени обраќања и комеморативни активности низ целиот град.

„Формирањето на знамето секоја година е настан што ги вклучува учениците од осмо и деветто одделение во основните и прва и втора година во средните училишта. За многумина од нив е чест да учествуваат, а догодина ќе се обидеме да вклучиме уште повеќе млади“, изјави Златко Думбалоски, професор по физичко и здравствено образование во ОУ „Добре Јованоски“.

Одбележувањата продолжуваат вечерва со изложба на дела од локални ликовни уметници во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 18:30 часот, а од 19:30 на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе се одржи свечена програма. Градоначалникот Борче Јовчески ќе се обрати пред присутните, а следува и традиционалниот огномет кој го симболизира историскиот напад на полициската станица „Участак“ на 11 Октомври 1941 година, што го означи почетокот на Народното востание против фашизмот. Меморијалниот музеј „11 Октомври“ ќе биде отворен за посетители денес и утре.

Утре, на самиот празник, во центарот на градот ќе се оддаде почит на загинатите борци и дејци пред повеќе споменици, меѓу кои на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифорски-Питу, во Алејата на народните херои, како и пред Могилата на непобедените со моштите на 650 борци од Прилеп и Прилепско.

Во 12:30 часот ќе се одржи Свечена академија во Центарот за култура „Марко Цепенков“, на која ќе учествува премиерот Христијан Мицкоски. Паралелно со културните настани, ќе се одржат и Саем на земјоделски производи, изложба на автомобили, како и традиционална крводарителска акција во просториите на „Црвениот крст“.

Tags: Македонија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Палестинците почнуваат да се враќаат во северна Газа по прекинот на огнот
Next: На Сардинија се продаваат куќи по цена од 1 евро

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.