Фото: Принтскрин
На социјалните мрежи денеска почна да циркулира видео во кое, наводно, се гледа поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
На снимката тој меша бела прашкаста материја во чинија, притоа правејќи коментари и асоцијации поврзани со кокаин, додека разговара со друго лице кое, според сè изгледа, го снимало видеото.
„Ако е малце измешано одма ти го враќам, ќе ги фрлам, јас не можам со спидо и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро“, вели тој.
Видеото може да се погледне ТУКА.
