Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

ВМРО-ДПМНЕ со порака до Ахмети: Не си орел, туку обично врапче

Gladiator 28/09/2025

Фото: Принтскрин

ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение по провокативните пораки кои денеска ги испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети од салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат.

Се сеќавате како Груби и Ахмети отидоа кај Заев и го „предомислија“ пред две години? Со што го предомислија? Епа, така функционира ДУИ и за тоа се врвни експерти.

Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите.

Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку обично врапче. А во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Најгласни се токму најуплашените. Со проекти, со мерки, со реформи и со подобар живот. Албанците одамна имаат преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори – заедно со Македонците, сите сложно.

ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмеeме на тие понуди.

Наместо да оди во пензија – не му здосади дваесет години власт? Убава е власта за Ахмети кога се купува соравија, се возат џипови, се отвораат бизниси во енергетика, се отвораат градежни фирми, додека првиот комшија и другар од детство ти е шеф обвинител за организиран криминал. Е, за тоа се експерти. Но наместо да оди во пензија, тој зборува за крв, оружје и орли.

А секој пат кога ќе дојдат избори, Ахмети доживува необична трансформација. Тоа е неговиот Павлов рефлекс – на звукот на избори, автоматски следуваат закани, патетика и заплашувања. Освен што е патетично, сето ова е и смешно. Како не му е мака, искрено не знаeме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Tags: Али Ахмети ВМРО-ДПМНЕ

Continue Reading

Previous: (Видео) Со извици „УЧК, УЧК“ и сцени од војната во 2001 година почна митингот на ДУИ
Next: (Видео) Масовно пукање во мормонски храм во САД – црквата беше запалена, има и загинати

Најново

  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!
  • ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!
  • (ВИДЕО) Скопје под закана од штетници: Граѓаните алармираат за зголемена појава на бубашваби, лебарки и стаорци!
  • (ВИДЕО) Провокација од бугарски новинар, Силјановска – Давкова остро одговори: „Живејте во сегашноста!“
  • АИ КАМЕРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКАА ХАОС: Илјадници погрешни казни и сомнежи во системот!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

11/06/2026
ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!

ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!

11/06/2026
(ВИДЕО) Скопје под закана од штетници: Граѓаните алармираат за зголемена појава на бубашваби, лебарки и стаорци!

(ВИДЕО) Скопје под закана од штетници: Граѓаните алармираат за зголемена појава на бубашваби, лебарки и стаорци!

11/06/2026
(ВИДЕО) Провокација од бугарски новинар, Силјановска – Давкова остро одговори: „Живејте во сегашноста!“

(ВИДЕО) Провокација од бугарски новинар, Силјановска – Давкова остро одговори: „Живејте во сегашноста!“

11/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!
  • ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!
  • (ВИДЕО) Скопје под закана од штетници: Граѓаните алармираат за зголемена појава на бубашваби, лебарки и стаорци!
  • (ВИДЕО) Провокација од бугарски новинар, Силјановска – Давкова остро одговори: „Живејте во сегашноста!“
  • АИ КАМЕРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДИЗВИКАА ХАОС: Илјадници погрешни казни и сомнежи во системот!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.