Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Ова е патот на една жена која крвнички бара заштита“: Емотивен статус по убиството на Росица

Gladiator 16/09/2025

Фото: Grok AI

Мери Јордановска на социјалните мрежи објави статус по двојното убиство и самоубиство кое вчера ја потресе Македонија.

„Ова е патот на една жена која крвнички се труди да најде правда и заштита од македонските институции, откако е физички и психички малтретирана, со месеци и месеци, од нејзиниот бивш партнер.

Росица од вчера не е меѓу нас. Убиена е, исто како и нејзиниот татко, со убоди од остар предмет од психопатот.

Како бе луѓе, како не гледате овде системски проблем?

25.03.2025 година – сега убиената Росица пријавува дека во декември претходната година психопатот се обидел да ја задржи во стан во Скопје и и нанел лесна телесна повреда од чл.130 ст.2 од Кривичниот законик.

10.04.2025 година – Основното јавно обвинителство Велес против психопатот кој ја уби Росица, поднесува Обвинителен предлог за 2 случаи:

– Загрозување на сигурноста од член 144 ст.3 вв ст.1 за настан на 20.02.2025 година

– Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 за настан ноќта меѓу 03.03.2025 и 04.03.2025 година со нанесена полесна телесна повреда на партнер на оштетената.

Психијатриското вештачење покажало дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон Росица.

18.05.2025 – Убиецот се приближува до домот на Росица, го одзема и го пали автомобилот во сопственост на нејзиниот татко.

21.05.2025 година – Росица го пријавува монструмот за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство, тој не ги почитува и постојано ја вознемирува.

26.06.2025 година – издадена е наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и 4 наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР постапува (ОД ЈУНИ – СЕ УШТЕ ПОСТАПУВА?!).

09.09.2025 година – Росица дава исказ во ОЈО Скопје и се изјаснува дека останува на предлогот за кривично гонење на осомничениот.

10.09.2025 година – Основниот суд во Велес носи пресуда со која му изрекува алтернативна мерка – УСЛОВНА ОСУДА??! на монструмот. Останува забраната за приближување и воспоставување контакти со Росица и нејзиниот партнер, определена по барање на обвинителството.

Оваа одлука на судот во Велес само што е примена во ОЈО Велес и обвинителството немало можност да се произнесе по неа со евентуална жалба!

Само 5 дена подоцна, Росица е нејзиниот татко се мртви!

Извини, ангелу најубав, што си се родила тука, во овој трул систем. Почивај во мир“, пишува Јордановска.

Continue Reading

Previous: Велика Британија испраќа „тајфуни“ на помош во Полска по инцидентите со Русија
Next: Нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес: Момчето на загинатата Росица опишало што се случило

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

24/09/2026
(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

24/09/2026
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24/09/2026
(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

24/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.