Фото: Принтскрин
Ноќеска околу три часот по полноќ, целосно изгоре автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина во Скопје, објави „Слободен Печат“.
Инцидентот се случил пред неговата зграда во населбата Кисела Вода, каде што возилото било паркирано. Галетановски ја потврди случката и изјави дека автомобилот е целосно уништен во пожарот.
„Лицето што го направило ова е видено како бега, слаб, висок со дуксер. Позната е траекторијата на движење на лицето. Ниту сум скаран со некого ниту пак некој ми се заканувал. Апелирам до МВР и министерот што побрзо да го фатат сторителот“, вели Галетановски за „Слободен печат“.
Видеото може да се погледне ТУКА.
