Фото: Принтскрин
Непал во вторник влезе во уште подлабока политичка криза откако премиерот КП Шарма Оли поднесе оставка поради масовните немири што ја зафатија земјата. Според индискиот медиум „Индија тудеј“, се појавија шпекулации дека и претседателот на државата се повлекол од функцијата, но тие информации беа демантирани од непалската армија.
Оставката на Оли доаѓа во момент на жестоки социјални и политички превирања, поттикнати пред сè од младите од Генерацијата З. Тие со денови излегуваат на улиците, и покрај полициските часови, изразувајќи револт против корупцијата, непотизмот и ограничувањата на слободата на изразување.
Искрата што ги разгори протестите беше одлуката на Владата минатата недела да ја блокира една од најпопуларните социјални мрежи во земјата.
