Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази длабока загриженост поради израелскиот напад во Доха, потенцирајќи дека Катар е „силен сојузник и пријател“ на САД.
„Желбата ми е СИТЕ заложници и телата на загинатите веднаш да бидат ослободени, а овој војна да заврши, СЕГА! По нападот разговарав со премиерот Нетанјаху. Тој ми рече дека сака мир. Верувам дека овој трагичен инцидент може да биде искористен како можност за МИР“, напиша Трамп на своите профили.
Тој додаде дека имал разговор и со еминот и премиерот на Катар, на кои им се заблагодарил за „поддршката и пријателството“ кон САД. Трамп нагласи дека одлуката за нападот врз лидерите на Хамас во Доха не ја донел тој, туку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
По нападот, еминот на Катар, Тамим бин Хамад ел Тани, и катарскиот премиер, Мохамед Абдурахман Ал Тани, остро реагираа, предупредувајќи дека израелската акција нема да придонесе за мир, туку напротив – ќе ги загрози напорите за постигнување примирје и ослободување на заложниците.
Како што пренесува Times of Israel, катарските лидери му порачале на американскиот претседател дека нападот врз нивната територија сериозно ги нарушува дипломатските напори за посредување меѓу Израел и Хамас.
