Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Затворени клубови и празни улици: Еве што се случува со ноќниот живот во Скопје

Gladiator 17/08/2025

Катанци на вратите, темница, тишина, затворени клубови и празни улици – Скопје по полноќ станува речиси нечитлив град за ноќен живот. Младите се приморани да се организираат сами, собирајќи се во мали групи во парковите или на клупите низ маалата. Граѓаните се жалат, а угостителите алармираат дека главниот град станува еден од најдосадните за излегување на Балканот.

Причините за ваквата состојба се повеќекратни. Ноќниот живот во Скопје почнал да слабеe пред повеќе од една деценија, кога работното време на рестораните и кафулињата беше ограничено до полноќ или до 1 часот наутро, а за работа до подоцна се бараше посебна лиценца за ноќен клуб. Капката што ја прели чашата беше трагедијата во Кочани, по која следела строга проверка на клубовите – само еден или два ги исполнувале условите. Денес, од некогашните бројни клубови, активно работи само „12:12“.

„Не е само прашањето на отварање клубови, треба да се научи лекцијата и истовремено да се оди напред. На Скопје му фали визија за развој. Треба луѓе кои ќе градат ноќен живот како што треба да биде“, изјави Вишко Зија, сопственик на „12:12“.

Проблемот не е само во клубовите – и рестораните и кафулињата се повеќе остануваат празни. Причината е делумно економска – растот на цените и намалената куповна моќ – но угостителите посочуваат дека проблемот е подлабок.

„Со затворањето на клубовите се намалува посетеноста и во баровите и во рестораните. Летните месеци се особено тивки. Притисокот од надлежните органи е голем, но не само економијата е проблем, туку и организацијата и културните активности кои недостигаат“, вели Сара Стојковска, сопственик на „Трач Бар“.

Денес, младите во Скопје се приморани да се задоволат со пиво на клупите, додека градот чека стратегија која ќе го изведе од мракот и ќе го врати сјајот на ноќниот живот.

Tags: диско македонија Скопје

Continue Reading

Previous: Еве како функционира бизнисот со невести од Албанија: три чекори до свадбата
Next: Во Кисела Вода децата и семејствата ќе уживаат: ново катче и фонтана

Најново

  • (ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!
  • (ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!
  • (ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!
  • (ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!
  • (ВИДЕО) Најтешката семејна трагедија: Татко ја уби двегодишната ќерка, а потоа направи незамислив чекор!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!

(ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!

26/07/2026
(ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!

(ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!

26/07/2026
(ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!

(ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!

26/07/2026
(ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!

(ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!

26/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Под раководство на Стојанче Ангелов, ДЗС покажува подготвеност за кризи – Гостивар доби поддршка, a доброволните пожарникари го добиваат заслужено место!
  • (ФОТО) Утре Скопје повторно под удар на силно невреме: Еве каква е прогнозата!
  • (ВИДЕО) Шок на одмор: Бразилска инфлуенсерка сними момент кога ајкула напаѓа риба веднаш до неа!
  • (ВИДЕО) Снимка која го потресе регионот: Неговиот потег можел да заврши трагично!
  • (ВИДЕО) Најтешката семејна трагедија: Татко ја уби двегодишната ќерка, а потоа направи незамислив чекор!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.