Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Вечна слава на македонските бранители: 24 години од загинувањето кај Љуботенски бачила

Gladiator 10/08/2025

Фото: Александар Стојкоски

Денес, во општина Ѓорче Петров, со свеченост беше одбележана 24-годишнината од загинувањето на група македонски бранители – Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски. Овие храбри војници го положија својот живот на 10 август 2001 година, во месноста Љуботенски Бачила, кога се бореа за одбрана на татковината.

По тој повод, градоначалникот на општината, Александар Стојкоски, заедно со други претставници од локалната власт, положи свежо цвеќе на неколку значајни споменици кои ја одбележуваат нивната храброст и жртва. Меѓу нив беа споменикот на херојот Томислав Настевски во Ѓорче Петров, Споменикот на бранителите во реонскиот парк, како и Споменикот на македонските јунаци во Волково.

„Денес се навршуваат 24 години од херојската жртва на Томе Димоски, Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томислав Настески, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски, храбрите македонски бранители кои ги положија животите за татковината.

Тие не се само имиња – тие се нашата колективна совест, нашиот завет и нашиот обврзувачки спомен.

Нивната храброст ја искова слободата што денес ја живееме. Нашата должност е да паметиме, да раскажуваме и да ја пренесуваме нивната жртва на идните генерации.

Во нивна чест, денес, на денот на нивното загинување кај месноста Љуботенски Бачила, положивме свежо цвеќе на споменикот на херојот Томислав Настевски во Ѓорче Петров, на Споменикот на бранителите во реонскиот парк, и на Споменикот на македонските јунаци во Волково.

Вечна им слава и благодарност.

Да не заборавиме. Нивната жртва е нашето знаме, нивниот подвиг, наша обврска! Со челична решеност ја бранеа секоја педа од татковината.

Слава им и вечна благодарност“, напиша Стојкоски.

Tags: бранители љуботенски бачила

Continue Reading

Previous: ВИДЕО – Суспендиран началникот кој наредуваше на носилки да се носи болна жена во станица
Next: ВИДЕО – Отстрането возилото на лицето кое беше застрелано во Тетово

Најново

  • Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!
  • (ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!
  • ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!
  • (ВИДЕО) Скопје под закана од штетници: Граѓаните алармираат за зголемена појава на бубашваби, лебарки и стаорци!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!

Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!

11/06/2026
(ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!

(ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!

11/06/2026
(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

(ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!

11/06/2026
ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!

ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!

11/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Откриен е идентитетот на загинатите и тешко повредениот во сообраќајката кај Прилеп – Градско!
  • (ВИДЕО) ХАОС И ПАНИКА ВО ШТИП: Има повредени во пожар во куќа, интервенираа пожарникари и Итна помош!
  • (ВИДЕО) ДРАМА ВО ЛОНДОН: Дете спасено во последен момент благодарение на брзата реакција на граѓаните и службите!
  • ОГНЕНА ЗАКАНА КАЈ ШТИП: Пожарот повторно избувна кај Кадидере, оштетени и викенд-објекти!
  • (ВИДЕО) Скопје под закана од штетници: Граѓаните алармираат за зголемена појава на бубашваби, лебарки и стаорци!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.