Фото: Принтскрин
Поминаа речиси четири месеци од смртта на Саша Поповиќ, а неговата вдовица Сузана Јовановиќ за првпат ја отвори Пандорината кутија и проговори за сè. Во ексклузивното интервју што го даде за „Скандал“, Сузана, ги шокираше сите.
Имено, таа зборуваше за Лепа Брена, за нејзиното однесување по смртта на Поповиќ, па потврди дека од денот на погребот ниту еднаш не ја посетила, иако живеат речиси куќа до куќа.
„Лепа Брена ми изјави сочувство и дојде на комеморацијата и погребот и тоа е сè. Не ми дошла во куќа. А зошто? Не знам“, изјави Сузана бришејќи солзи од лицето.
На констатацијата на новинарот дека токму Поповиќ ја пронашол и ја изградил Лепа Брена, Сузана само молчеше.
