Фото: Принтскрин
„РТЛ“ објави шокантна снимка каде што може да се забележи дека едно лице со електричен ромобил вози низ тунел во Хрватска и притоа ја загрозува безбедноста.
Оваа снимка предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, па дел од корисниците бараат жестока казна за возачот, како и за сите останати кои се однесуваат како него во сообраќајот.
