Фото: Принтскрин
Вчера попладне, на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, 75-годишна државјанка на Република Македонија била извлечена од морето без знаци на живот.
Екипа од итната медицинска служба веднаш се обидела да ја реанимира, по што била пренесена во болница. И покрај напорите на лекарите, тие констатирале смрт.
