Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Навивачот на Шкендија доби – условна казна затвор и депортација!

Gladiator 07/08/2025

Фото: Принтскрин

Навивачот на Шкендија доби кривична пријава и условна затворска казна, но и депортација, соопшти Јавното обвинителство.

„По извршена идентификација и поднесена кривична пријава од СВР Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик.

Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“, со истакнување и веење знаме на „Голема Албанија“ и со натпис „Автохтона“, предизвикал чувство на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност. Тоа го забележале полициски службеници, кои го лишиле од слобода.

Врз основа на обезбедените докази во координација меѓу полицијата и надлежното обвинителство, Основниот кривичен суд Скопје веднаш изрече пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен и го осуди на условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку осудениот не стори ново кривично дело во следните 5 години. Во исто време, бидејќи станува збор за странски државјанин, Судот донесе одлука да го протера и да му забрани влез во државава во следните пет години.

Во меѓувреме, МВР и Јавното обвинителство продолжуваат да преземаат координирани активности за откривање и идентификување на сторители на кривични дела на ширење на омраза и нетрпеливост поврзани со спортски натпревари. Веднаш по идентификацијата на сторителите, тие ќе бидат процесуирани во согласност со надлежностите на јавното обвинителство“, се вели во соопштението.

Tags: балисти навивач шкендија

Continue Reading

Previous: Конечно падна договор: Трамп и Путин ќе се сретнат „очи во очи“
Next: (Видео) Македонското знаме се вее на небото над Скопје

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

24/09/2026
(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

24/09/2026
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24/09/2026
(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

24/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.