Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Ристовски: Цел ден добивам навреди, сепак кога некој е неуспешен, најлесно е да шири невистини

Gladiator 27/07/2025

Фото: Принтскрин

По серијата обвинувања што се појавија на социјалните мрежи на адреса на министерот за спорт, Борко Ристовски, како и по јавните критики упатени од страна на скопската градоначалничка Данела Арсовска и градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, министерот повторно се огласи преку својот профил на социјалните мрежи за организацијата на ЕМОФ.

„Денеска цел ден добивам пораки од граѓани со неточни, паушални, па дури и навредливи тврдења кон мене и кон институцијата што ја водам како министер.

Не сакам да споменувам имиња на градоначалници и градоначалнички, имиња кои се веќе завршени приказни во политиката, а некои чекаат и извршување на затворски казни, во контекст на организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ Скопје 2025.

Ќе потсетам дека на прес конференцијата на 6 април посочив дека ова е голем настан од кој спортот треба да има бенефит пред се поради големиот број на македонски учесници. Да потсетам дека од нас помош беше побарана во последните 90-100 дена. Сугерирав дека ние немаме капацитет и моќ, но добивав уверувања дека организаторот ќе се справи со предизвикот.

Тоа што беше побарано од институцијата што јас ја водам како министер беше исполнето во целост!

И пак ќе потсетам дека Министерството за спорт не е официјален организатор на ЕМОФ Скопје 2025! Ако некој треба да сноси одговорност за пропустите во организацијата тоа се оние што ја презедоа одговорноста и обврската да го организираат настанот. Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерството за спорт ќе продолжи да работи со сите институции во рамките на своите надлености, но нема да молчи пред невистини и обиди за дефокусирање од реалната слика.

Работата не се средува со преписки и со пишување статуси на Фејсбук, туку со соочување со реални факти и аргументи.

Кога некој е неуспешен во некоја работа, најлесно е да пишува по социјалните мрежи и да шири невистини.

СПОРТОТ ЌЕ ЖИВЕЕ!, напиша тој.

Tags: Борко Ристовски ЕМОФ

Continue Reading

Previous: (Видео) Девојчиња и момче вербално и физички нападнати во Градски парк
Next: Го запреле кај Ресен, па ги викнал другарите за да ги тепаат полицајците

Најново

  • Неочекуван наод кај Струга: Древен гроб со златни предмети и оружје!
  • Астрономите за првпат уловија радиосигнал директно од планета надвор од Сончевиот систем!
  • (ВИДЕО) Камениот мост во друго издание: Песна, игра и весела атмосфера!
  • Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензинот и дизелот!
  • (ВИДЕО) „Сега би заплакал“: Вучиќ се симна од бината, а потоа следеше емотивен момент!


Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Неочекуван наод кај Струга: Древен гроб со златни предмети и оружје!

Неочекуван наод кај Струга: Древен гроб со златни предмети и оружје!

05/10/2026
Астрономите за првпат уловија радиосигнал директно од планета надвор од Сончевиот систем!

Астрономите за првпат уловија радиосигнал директно од планета надвор од Сончевиот систем!

05/10/2026
(ВИДЕО) Камениот мост во друго издание: Песна, игра и весела атмосфера!

(ВИДЕО) Камениот мост во друго издание: Песна, игра и весела атмосфера!

05/10/2026
Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензинот и дизелот!

Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензинот и дизелот!

05/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Неочекуван наод кај Струга: Древен гроб со златни предмети и оружје!
  • Астрономите за првпат уловија радиосигнал директно од планета надвор од Сончевиот систем!
  • (ВИДЕО) Камениот мост во друго издание: Песна, игра и весела атмосфера!
  • Нови цени на горивата: Поевтинуваат бензинот и дизелот!
  • (ВИДЕО) „Сега би заплакал“: Вучиќ се симна од бината, а потоа следеше емотивен момент!


Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.