Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Две лица осомничени за насилство врз Арсовска – за едно од нив се бара притвор

Gladiator 12/07/2025

Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека е поведена кривична постапка против две лица поради насилничко однесување кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, при нејзина службена посета на локација во изградба во Општина Чаир.

Според наводите од обвинителството, првоосомничениот, кој се претставил како сопственик на спорниот објект, започнал вербален конфликт со градоначалничката, при што ѝ упатил навреди и сериозни закани. Инцидентот ескалирал кога осомничениот физички ја нападнал Арсовска. Во тој момент, реагирале вработени од Град Скопје и припадници на Министерството за внатрешни работи, кои го тргнале напаѓачот од лице место.

„Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред се поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство.

За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот“, објави Обвинителството.

Tags: Данела Арсовска напад насилство чаир

Continue Reading

Previous: МВР одобри 24-часовно обезбедување за Арсовска по нападот во Чаир
Next: (Видео) Емотивна изведба: Никола ги освои сите во Скопје со песната „Бисер балкански“

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

(ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија

24/09/2026
(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

(ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци

24/09/2026
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24/09/2026
(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

(ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме

24/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Познато каде бил епицентарот: Земјотрес ја стресе Македонија
  • (ВИДЕО) Ова е „куќата на стравот“ во Шпанија во која се уапсени седум Балканци
  • Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
  • (ВИДЕО) Расчистен е случајот: Четири малолетници го палеле македонското знаме
  • Зеленски: Украинските животи се поважни од цените на дизелот во светот

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.