Фото: Принтскрин
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје вечерва го привеле 57-годишниот Д.Н. од Скопје, осомничен дека околу 21:40 часот намерно подметнал пожар на улицата „Стево Црвенковски“ во општина Ѓорче Петров.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот бил забележан од граѓанин како пали сува трева на јавна површина. Граѓанинот веднаш ја информирал полицијата, по што биле преземени брзи мерки, и лицето било приведено на самото место.
„Полициските екипи веднаш излегоа на терен и го идентификуваа и приведоа осомничениот. Во моментов се врши целосна документираност на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираа од МВР.
