Фото: Принтскрин
Апокалиптични слики доаѓаат денес од цела Србија, која е зафатена од силно невреме, а состојбата е особено критична во Војводина. Во Нови Сад, силниот ветер собори дрво, предизвикувајќи паника и материјална штета.
Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм-страницата „192_rs“, дрвото е паднато на земја откако бурата со голема силина го скршила.
