Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Мајката на Вања со прво писмо по убиството на 14-годишното девојче

Gladiator 11/06/2025

Фото: Принтскрин

Мајката на трагично убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, која беше киднапирана и свирепо лишена од живот пред речиси една година, преку својот правен застапник достави писмо до Судот исполнето со длабоки емоции и лична болка.

Во него ја опишува незамисливата загуба со која секојдневно се соочува како мајка и истакнува дека, над сите факти и докази, постои една сурова и непроменлива вистина – дека нејзината ќерка повеќе не е жива.

„Се обраќам до судот, не како мајка туку и како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка. Скоро цела година целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар.

Во текот на процесот беа презентирани низа материјални докази и сведоштва, секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори. Но, за жал еден факт останува непобитен, Вања ја нема. Ја киднапирале и ја однеле, ја убиле безмилосно на најбрутален начин, детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан во светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи кај нас во Македонија не се случуваат, далечни ми беа. Но се случи и тоа токму мене на моето најмило и не смее да се повтори. Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав.

Да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва, Вања беше живот, со очи, со глас, со планови. Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветто одделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимнување и летување со другарчињата од одделението и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи.

Вања сакаше да гледа стари филмови од 70-тите и 80-тите ги знаеше знамињата и главните градови буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја сакаше историјата. Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште и тоа утро последното утро стана си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи се подготви за училиште. Ја испратив до врата и ѝ реков „Се слушаме мама подоцна. Тоа беше последен пат да ја видам. Вања не ја дочека полуматурата, не ги дочека ниту патувањата со соучениците не дочека ниту да ги искуси предизвиците“, се вели во писмото кое не се дочита затоа што не дозволи Судот.

Tags: Вања Ѓорческа мајка

Continue Reading

Previous: Професорката Најчевска: Македонскиот народ е глупав како цепаница
Next: (Фото) Австриските медиуми објавија слика од напаѓачот во Грац

Слична содржина

Орце: Го живеам својот сон, имаме најдобар премиер

Орце: Го живеам својот сон, имаме најдобар премиер

17/09/2025
(ВИДЕО) Туристите во Грција алармираат – Диви животни сѐ почесто шетаат и напаѓаат на плажите

(ВИДЕО) Туристите во Грција алармираат – Диви животни сѐ почесто шетаат и напаѓаат на плажите

17/09/2025
„Срамно е да се лаже јавноста“ – Тошковски удри по обвинителите и судиите за велешкото убиство

„Срамно е да се лаже јавноста“ – Тошковски удри по обвинителите и судиите за велешкото убиство

17/09/2025

Најново

  • Орце: Го живеам својот сон, имаме најдобар премиер
  • (ВИДЕО) Туристите во Грција алармираат – Диви животни сѐ почесто шетаат и напаѓаат на плажите
  • „Срамно е да се лаже јавноста“ – Тошковски удри по обвинителите и судиите за велешкото убиство
  • Зеленски: Полска не е способна да ги заштити луѓето во случај на масовен воздушен напад
  • Јанаки за убиецот Илија: Го знам од средно, го сакаа девојчиња, но другарите велат дека имал историјат на насилно однесување

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Орце: Го живеам својот сон, имаме најдобар премиер

Орце: Го живеам својот сон, имаме најдобар премиер

17/09/2025
(ВИДЕО) Туристите во Грција алармираат – Диви животни сѐ почесто шетаат и напаѓаат на плажите

(ВИДЕО) Туристите во Грција алармираат – Диви животни сѐ почесто шетаат и напаѓаат на плажите

17/09/2025
„Срамно е да се лаже јавноста“ – Тошковски удри по обвинителите и судиите за велешкото убиство

„Срамно е да се лаже јавноста“ – Тошковски удри по обвинителите и судиите за велешкото убиство

17/09/2025
Зеленски: Полска не е способна да ги заштити луѓето во случај на масовен воздушен напад

Зеленски: Полска не е способна да ги заштити луѓето во случај на масовен воздушен напад

17/09/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Орце: Го живеам својот сон, имаме најдобар премиер
  • (ВИДЕО) Туристите во Грција алармираат – Диви животни сѐ почесто шетаат и напаѓаат на плажите
  • „Срамно е да се лаже јавноста“ – Тошковски удри по обвинителите и судиите за велешкото убиство
  • Зеленски: Полска не е способна да ги заштити луѓето во случај на масовен воздушен напад
  • Јанаки за убиецот Илија: Го знам од средно, го сакаа девојчиња, но другарите велат дека имал историјат на насилно однесување

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.