Фото: Принтскрин
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Прилеп одржа средба со граѓани на која упати силна критика на сметка на економските политики на актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче ја осуди изјавата на министерката за финансии дека инфлацијата не може да се контролира доколку растат платите.
„Излегува министерката за финансии и вели: ако растат платите, не може да се контролира инфлацијата. А што им кажува на граѓаните? Бидете гладни за во државава да нема инфлација. Јас не знам како не ѝ е срам. Не знам со кој образ излегува да го каже тоа. Ние ги зголемувавме платите во најголемите кризи“, кажа Филипче.
