Фото: Принтскрин
Македонската економија бележи позитивни поместувања – раст на економската активност и намалување на невработеноста. Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во првиот квартал од 2025 година се намалила на 11,7%, што претставува пад во споредба со последниот квартал од 2024 година, кога изнесуваше 11,9%.
Во период од само три месеци, бројот на вработени се зголемил за 1.884 лица, при што вкупната бројка на активни вработени во земјата сега надминува 702.000. Од друга страна, како невработени се евидентирани 92.600 граѓани.
И покрај ова охрабрувачко намалување, невработеноста кај младите лица до 29-годишна возраст и понатаму останува загрижувачка – таа изнесува високи 22%. Поради тоа, токму оваа категорија е ставена во фокусот на Оперативниот план на Агенцијата за вработување, кој има за цел подобрување на можностите за вклучување на младите на пазарот на трудот.
