
Фото: Urko Dejan Mitrovski
Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски синоќа во Женева ја одбрани светската титула, триумфирајќи над Французинот Кадри Мурсели во борба што потврди дека тој е неприкосновен во својата категорија.
Со сигурна и убедлива изведба, Илиоски доминираше во текот на целиот меч, заслужено задржувајќи го статусот на светски првак во ВАКО-Про категоријата К1 до 88,6 килограми. Ова е втора година по ред како македонскиот борец се искачува на светскиот врв, демонстрирајќи континуитет и врвна форма.
Првата светска титула ја освои минатата година во Скопје, кога во финалниот дуел го победи турскиот претставник Берк Дузенли.