Фото: Принтскрин
Жителите на Нови Сад беа длабоко вознемирени по немилиот настан што се случи пред Железничката станица, каде што еден непознат маж го осквернави спомен-местото посветено на жртвите од трагедијата со уривањето на настрешницата.
Трагичниот инцидент, во кој животите ги загубија 16 лица, остави длабока рана во заедницата, а граѓаните со свеќи и цвеќиња го изразија своето сочувство и почит.
Видео-снимка од непристојниот чин наскоро се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции. Видеото може да се погледне ТУКА.
