Фото: Принтскрин/ТВ21
Состојбата со јавната хигиена во Скопје сè почесто предизвикува незадоволство кај граѓаните. Сцените со преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредни улици станаа секојдневна појава, за кои сè погласно се говори на социјалните мрежи.
И покрај зголемените реакции во јавноста, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не гледа потреба од драстични промени во системот. Според неа, ситуацијата не се разликува значително од претходните години, а Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ редовно извршува теренски активности според претходно утврден распоред.
„Градот Скопје функционира, односно комуналното претпријатие, Јавното претпријатие, Комунална хигиена, работи идентично, поденаково како што работело и во сите изминати години… Значи, секојдневно во оние денови од неделата, кога за истото, нормално, треба да излезат на терен и да го завршат истото“, кажа Арсовска за „ТВ21“.
Видео: ТВ21
