Фото: Принтскрин
Во централното градско подрачје на Скопје, поточно на Сервисна улица во непосредна близина на приватната болница „Жан Митрев“, беше забележан вознемирувачки момент кој отвора сериозни прашања за безбедноста.
На видеоснимка која кружи на социјалните мрежи, се гледа како кран подига и пренесува товар од арматурно железо, без видлива заштита или обезбедување на околниот простор.
Притоа, се доведуваат во опасност случајните минувачи и учесници во сообраќајот, што претставува сериозно кршење на безбедносните протоколи и потенцијална закана за животот и здравјето на граѓаните, а тоа предизвика бурни реакции.
