Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Пензионери и студенти ќе можат да работат без да ги загубат бенефициите

Gladiator 16/04/2025

Фото: Besar Durmishi

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска на јавната расправа што се одржа во Собранието, го претстави Предлог-законот за работно ангажирање на лица, кој има за цел да понуди нови решенија за регулирање на повремената и сезонска работа.

Како што истакна министерот, овој закон претставува дел од пошироките напори на Министерството за економија и труд за сузбивање на сивата економија и зголемување на социјалната сигурност на работниците. Законските измени се насочени и кон спречување на иселувањето на младите, преку создавање на флексибилни, но и законски регулирани можности за вработување.

Министерот Дурмиши нагласи дека предложените решенија ќе им овозможат на македонските компании полесен и формализиран пристап до работна сила, особено во дејности каде што сезонската работа е честа појава. Законот предвидува поедноставена процедура за ангажирање работници на повремени или сезонски работни позиции, со што се олеснува административниот товар како за работодавачите, така и за работниците.

Дополнително, предлог-законот предвидува можност за вклучување на различни категории граѓани – лица со старосна или семејна пензија, редовни студенти, приматели на социјална и детска заштита, како и невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување. Она што е особено значајно е што нивното ангажирање нема да влијае врз постоечките права и бенефиции што ги уживаат – како што се правото на паричен надомест, статусот на студент, социјална сигурност и други.

Tags: Бесар Дурмиши Собрание

Continue Reading

Previous: Поткуп во Албанија – за еден глас на избори се плаќа 500 евра
Next: Бајден го нападна Трамп: Прво пука, па потоа нишани (Видео)

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.