Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Шест мигранти спасени во Студеничани: Киднапирани сме, помош!

Gladiator 25/03/2025

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против татко и двајца синови, поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти и кривично дело Криумчарење на мигранти.

„Во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на Службата за односи со јавноста пристигна порака со линк од локација и следната содржина: „Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група која бара пари за да не ослободи. Ве молиме за итна помош. Се наоѓаме на оваа локација, во куќа во складиштето на куќата.SOS!“, која порака во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје беше проследена до Секторот за компјутерски криминал во МВР. По брзата реакција и извршениот претрес во подрумските простории на станбен објект во с. Студеничани од страна на полициските службеници од МВР беа пронајдени шестмина илегални мигранти од кои пет малолетници и едно деветнаесетгодишно лице.

Двајца од осомничените, во текот на месец март годинава, заедно со организатор по потекло од арапските земји кој престојувал во РГрција и повремено во скопскиот регион, со цел стекнување имотна корист се здружиле и како дел од меѓународна криминална мрежа организирале меѓународна криминална група во РСМ која имала за цел вршење на кривично дело – Криумчарење на мигранти. Групата co помош на водичи т.н. ,,качаци“ организирала илегално пренесување на групи мигранти од територијата на РГрција на територијата на PC Македонија преку илегални премини т.н. зелена граница. По дадени задачи и насоки од првоосомничениот, неидентификувани припадници на групата со ПМВ ги прифаќале и ги преземале мигрантите и ги превезувале до с.Студеничани од каде тројцата осомничени ги прифаќале и времено ги засолнувале, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на РСрбија кон државите на ЕУ.

На ден 21.03.2025 година илегално биле превезени шестмината мигранти кои првоосомничениот ги сместил и засолнил во подрумските простории на објект сопственост на неговиот татко во с. Студеничани. Со цел мигрантите да не го напуштат објектот просториите во кои биле сместени биле постојано заклучени, а второ и трето осомничените го обезбедувале објектот. На мигрантите им давале минимална количина на храна и вода, едно шише вода на ден за сите шест мигранти, а подрумските простории можеле да ги напуштат само заради извршување физиолошки потреби.
Првоосомничениот во повеќе наврати секој ден им го загрозувал животот и здравјето заканувајќи им се дека нема да го напуштат подрумот сѐ додека од страна на нивните блиски не бидат исплатени парични средства во висина од 5.000 евра за да обезбеди нивно понатамошно илегално пренесување до РСрбија. За таа цел најпрво им ги земал мобилните телефони на сите шестмина, по што во текот на четирите дена колку што престојувале, на двајца од нив им дозволувал еднаш дневно да остварат видео повик со криумчарот организатор од арапските земји со цел истиот да ги извести нивните семејства да ги исплатат бараните парични средства“, соопшти Обвинителството.

Tags: мигранти полиција студеничани

Continue Reading

Previous: Малолетник прегазен на паркинг во круг на Клинички центар, возачот избегал со автомобилот
Next: Како Данка добила 30.000 евра на сметка? Осум теории за исчезнатото девојче и нејзините родители

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

(ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!

10/11/2026
Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна

10/11/2026
„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

„Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија

10/11/2026
Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО

10/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Се појави нова снимка: Маскирани лица го одведуваат Бака Прасе во непознат правец!
  • Тошковски: „Безбеден град“ ги санкционира и директорите, министрите, верските лица – и јас си платив казна
  • „Безбеден град“ до февруари ќе функционира во цела Македонија
  • Зеленски се налути: Бараат да го оставиме Донбас за некаква копија на НАТО
  • „Бев во купатило кога падна од балкон“: Откриени нови детали за починатата Русинка во Златибор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.