Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Миа Костова за пожарот во дискотеката: Секој еден потпис треба да заврши во Шутка

Gladiator 24/03/2025

Македонската инфлуенсерка Миа Костова преку подолга објава на својот профил на Фејсбук ја изрази својата длабока вознемиреност и тага поради трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во своето обраќање, Костова упати сочувство до семејствата на загинатите и повика на солидарност и одговорност.

Нејзниот фејсбук став може да го прочитате во продолжение:

„Како некој кој цела младост ја помина во диско на работа, 4 пати во неделата работев во диско клуб кој во тоа време имаше тројца газди кои имаа многу пари од свои бизниси никако неповрзани со заработка од клубот.

Освен што Хард Рок на капацитет од 800 луѓе имаше 4 излези, означени и при гасење на струја видно обележани, работеше по стандарди кои не постојат веќе 20 години. Се пријавуваа во полиција дури и танчерки од Србија.

Зборот ми е, обезбедување имало по 20-30 луѓе на вечер, на секоја точка и внатре и надвор.

Обезбедувањето НИКОГАШ немало ингиренции за барање лични карти, тоа сум го правела јас како менаџер ако се посомневам во нечија возраст иако во тоа време толку мали деца не излегуваа воопшто во таков клуб. Кога ќе дојдеше инспекција во канцеларија топови хартија се проверуваа по 3-4 часа.

Обезбедувањето не може да сноси кривица за малолетници еве и зошто, дури и да го врати од врата, ќе излезе газдата и ќе рече ‘пушти го бе на Горан му е син’ и? Што ќе рече обезбедувањето: не може? не смее?

Проблемот е во големиот газда, потписите на лиценците, и сите оние кои нешто дозволиле, клопчето да се одмота до последниот еден кој било што дозволил, не прегледал, не установил грешка или свиркал со години додека шупата млатела пари.

Обезбедувањето работи за 20 евра дневница и нема никаков глас во однос на газдата и неговите барања или насоки.

Оставете ги луѓето на мира сосе пиротехниката која ако ми ја донесеш дома во дневна ќе ти речам дека овде не може да ја палиш.

Проблемот е кај оние што се загоени од храна во првите 3 месеца откако ќе седнат во топла фотеља. Тие сите еден по еден да си полежат, овие другиве се колатерална штета. Секој еден потпис треба да е во Шутка.

На сета тага, болка и траор, не мора да патат и деца и фамилии на луѓе кои немале друг избор освен да слушаат што ќе каже газдата. При тоа, спасиле нечии деца.

Искрено верувам дека работите после ова ќе се сменат еднаш засекогаш и дека вистинските кривци за оваа трагедија ќе сведочат од зад решетки за еден подобар систем кој треба да почне од секој поединец.

А кој е следен? Следни сте сите вие што во најтешкото сакате дестабилизација за фотељи кои не ги заслуживте и тоа го докажавте што после режим нѐ спуштивте во дупка толку длабока да не може да се откопаме“, објави Миа.

Tags: дискотека кочани Миа Костова Пулс

Continue Reading

Previous: Мицкоски: Ги оправдувам протестите, но не ги разбирам политичките глодари
Next: (Видео) „Не сакаме новинари, никој не ве повикал“, вели студент од платото на УКИМ

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

(ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

(ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!

22/06/2026
(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

(ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!

22/06/2026
(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

(ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!

22/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Бебе се роди во продавница за бебешка опрема во Бразил – вработените помогнаа при породувањето!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО АЕРОДРОМ: Малолетници уништувале лулашки на игралиште – јутјубер реагираше и повика полиција!
  • (ВИДЕО) ШОК ВО ХИПОДРОМ: Змија му влегла во дневната – сопственикот чека надвор, а влекачот го „окупирал“ домот!
  • (ФОТО) Почина позната македонска судијка – голема загуба за правосудството!
  • (ВИДЕО) Пукање во локал во Белград: Се ракува, па го застрела Дарко во глава

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.