Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Манев до детали го раскажа киднапирањето на Жежовски: Палчо одеднаш му пукна во слепоочницата

Gladiator 12/03/2025

На денешното рочиште, обвинетиот Велибор Манев продолжи да ги изнесува деталите за шокантните злосторства што ја потресоа јавноста – киднапирањата и убиствата на велешанецот Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Според неговото сведочење, операцијата била извршена под диригентската палка на првобвинетиот Љупчо Палевски, кого Манев го идентификува како мозокот на целата криминална организација.

Манев посочи дека со Боре Видевски бил пријател уште од детските и училишните денови, додека со Палевски се запознал во 2018 година преку социјалните мрежи. „Се запознавме преку Фејсбук. Подоцна го посетив во канцелариите на партијата, а потоа станав и член. Денеска сум овде поради него“, сведочеше Манев.

Тој исто така ја спомена улогата на Влатко Кешишев, за кого тврдеше дека бил неразделен со Палевски. „Кешишев беше негов човек од доверба – му готвеше, му ги одржуваше канцелариите. Тој е тука затоа што му ја даде својата лојалност на Палевски“, додаде обвинетиот.

Манев детално опиша како бил изведен планот за грабнување на Панче Жежовски. „Панче ме познаваше, па одлучивме Боре Видевски да тропне на неговата врата, да го турне внатре и да го врзе, додека ние останатите ќе влеземе. Инструкциите ги доби директно од Палевски, кој нè увери дека сè ќе оди според планот“, раскажува Манев.

Откако влегле во домот, со маски на лицата, Жежовски не можел да ги препознае напаѓачите. „Боре му ја стави раката преку уста за да не вика, а јас му ги врзував рацете. Во меѓувреме, Палевски се движеше низ куќата, ги најде и ги зеде клучевите од автомобилот. Ја отстрани церадата од ‘Ситроенот’ и го стартуваше возилото, додека јас и Боре го изнесовме Панче и го ставивме во багажникот“, опишува Манев.

Тој истакна дека потоа се упатиле кон местото каде што се наоѓала земуницата – локацијата каде што требало да го задржат жртвата. „На патот Палевски го фрли телефонот на Панче во провалија за да не може да се лоцира. Кога пристигнавме, го извадивме од автомобилот и го доведовме до отворот на земуницата. Беше легнат на земја, чекав да го одврзам за да го внесам внатре“, сведочи обвинетиот.

Манев го опиша моментот што засекогаш ќе го памети. Додека се наведнал да го одврзе Панче, одеднаш се слушнал истрел. „Палевски ладнокрвно му испука куршум во слепоочницата. Останав во шок, ми се слоши, се тресев од тоа што го видов“, вели Манев.

По егзекуцијата, Палевски го замотал телото во церада, а кога Манев го прашал зошто го направил тоа, добил ладнокрвен одговор: „Вака е почисто, немој да се секираш“.

Во своето сведочење, Манев призна дека веќе тогаш почувствувал дека не може да продолжи со вакви злосторства. „Му реков дека не сум ни замислувал дека ќе бидам дел од убиство. Тој ме удри со рака и ми рече: ‘Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија’“, сведочеше обвинетиот.

Tags: Велибор Манев киднапирање љупчо палевски - палчо Панче Жежовски

Continue Reading

Previous: Здравствениот дом во Илинден е во завршна фаза
Next: Драма во судницата: Таткото на Вања почна да плаче, Манев не можеше да го гледа

Најново

  • (ФОТО) Горан загина како херој: Скокна да спаси човек од давење во грчко одморалиште
  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Горан загина како херој: Скокна да спаси човек од давење во грчко одморалиште

(ФОТО) Горан загина како херој: Скокна да спаси човек од давење во грчко одморалиште

11/08/2026
(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

(ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта

10/08/2026
Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали

10/08/2026
(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

(ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати

10/08/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Горан загина како херој: Скокна да спаси човек од давење во грчко одморалиште
  • (ФОТО) Александра Пријовиќ ја покажа заводливата фигура додека ужива на јахта
  • Зеленски почна голема „чистка“: Се тресе воениот врв, заминуваат генерали
  • (ВИДЕО) Нови снимки од земјотресот силен 7,4 степени: Паднаа над 20 згради, има загинати
  • (ВИДЕО+ФОТО) Стравичен земјотрес ја погоди оваа земја: Еве каде бил епицентарот!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.